Светскиот ден на водата 22 март

💧 Месец март решивме да го посветиме на информирање за важноста на водата во нашите животи.💧
Една од причините е што 22 март е Светскиот ден на водата, прогласен од Обединетите нации.
Овогодинешната тема на Светскиот ден на водата 💧 е „Подземни води – да го направиме невидливото видливо“, истакнувајќи ја важноста на квалитетна и квантитативна заштита на подземните ресурси.
Подземните води се невидливи, но нивното влијание е видливо насекаде. Надвор од нашите очи, но под нашите нозе, подземните води се скриено богатство што го збогатува човечкиот живот, ги поддржува резервите на вода за пиење, хигиенските системи, земјоделството, индустријата 🏭 и екосистемите.
Нивното значење е насочено и кон прилагодување кон климатските промени. ✅
Но, и покрај тоа, во многу делови од светот човечките активности ги злоупотребуваат и ги загадуваат подземните води.
Она што можеме да го направиме е да работиме заедно, за одржливо управување со овој скапоцен ресурс.💧💧💧
Share on facebook
Сподели на Facebook