Надзорен одбор

НАДЗОРЕН ОДБОР

Надзорниот одбор е задолжен за контрола на материјално-финансиското работење на Претпријатието. Членовите на Надзорниот одбор ги именува односно разрешува Советот на Град Прилеп со Решение за именување.

За член на Надзорниот одбор се именува лице со високо образование кое поседува знаење и искуство особено од дејноста на финансиското и сметководственото работење.

Мандатот на членовите на Надзорниот одбор трае 4 години и истите може да присуствуваат на седница на Управниот одбор.

Надзорниот одбор има Претседател кој се избира од редот на членовите.

Надзорниот одбор задолжително се состанува најмалку 4 пати годишно.

За резултатите од извршената контрола Надзорниот одбор писмено го известува Управниот одбор, Советот на Град Прилеп и Министерството за финансии на РМ.

 Членови на Надзорниот одбор се:

 – Бранко Топчиоски

 – Сотир Узоноски

 – Антонио Јованоски

 – Ратка Здравева – Коруноска

 – Александар Богданоски