Пречистителна станица

Прилеп ја има најсовремената и една од најголемите пречистителни станици на балканот, за чиа изградба беа потребни скоро четири години интензивни градежни работи и 10 милиони евра. Периодот на имплементација започна 23 јуни 2014 а заврши со изградба и беше официално пуштена во употреба на 31 мај 2018. Капацитетот на пречистителната станица е 95.000 еквивалент жители и се протега на површина од 7 хектари.
Пречистителната станица е исградена за да се исполни основната цел односно пречистување на урбаните и индустриските отпадни води во град Прилеп. При што влезната отпадна вода (инфлуентот) се пречистува со соодветни физички, хемиски и биолошки третмани. На крајот на процесот излезната вода (ефлуентот) по квалитет ги задоволува карактеристиките пропишани со законската регулатива на Република Северна Македонија, а кои се во усогласеност со најстрогите  ЕУ Директиви за третман на урбани отпадни води (91/271/ЕЕЦ).
Процесот на пречистување на урбаните отпадни води се одвива во 3 последувателни чекори и тоа: предтретман, примарен третман и секундарен третман на урбаните отпадни води.