Управен одбор

УПРАВЕН ОДБОР

Управниот одбор е орган на управување на Претпријатието кој го именува односно разрешува Советот на Град Прилеп и е составен  од афирмирани и познати стручњаци од областа на водоснабдувањето.

Бројот и составот на членовите на Управниот одбор го утврдува Советот на Град Прилеп со Решение за именување. Мандатот на членовите на Управниот одбор трае 4 години.

Управниот одбор има Претседател кој се избира од редот на членовите а исто така и Заменик Претседател кој се избира исто од редот на членовите.

Претседателот на Управниот одбор ги свикува седниците, се грижи за извршување на актите  на Управниот одбор  и врши и други работи утврдени со Деловникот за работа на Управниот одбор.

Членови на Управниот одбор се:

 – Филип Попоски

 – Сашо Димовски

  – Јован Јованоски

 – Александар Маркоски

 – Марио Анески

 – Соња Јорданоска