Известување за текот на санацијата на дефектот на ул. “Тризла“

ЈКП „Водовод и Канализација“ – Прилеп ве известува дека заврши со санација на дефектот на водоводната линија ф400 на ул. Тризла преку која се снабдува високата зона на градот и тоа на потег од ул.„Ердован Шабаноски“, нас.„Марино Маало“, нас.„Кузман“, нас.„Рид“ и нас.„Тапани“. Моментално се врши регулирање на водоснабдувањето во градот и истото ќе биде вратено во нормала во текот на попладневните часови. Локацијата на дефектот и понатаму ќе биде обезбедена со соодветна сигнализација за безбедноста на граѓаните.
Share on facebook
Сподели на Facebook