Целосно е завршена реконструкцијата на канализационата линија на ул.”Киро Фетак”

ЈКП Водовод и канализација – Прилеп континуирано продолжува со реализацијата на проектите и инвестициите кои се однесуваат на  реконстукција на водоводната и канализационата мрежа, самостојно, но и во соработка со општината.

Во текот на денешниот ден, генералниот директор на ЈКП Водовод и канализација – Прилеп, Емил Јанески изврши увид во работните активности за изведба на новата фекална канализациона линија на ул. „Киро Фетак“. 

„Новата канализациона линија е во должина од 150 метри и дијаметар од  200мм, на ул. „Киро Фетак“. Со реализацијата на овој проект ќе се изврши замена на старата бетонска канализациона линија од 125 мм .

Share on facebook
Сподели на Facebook