Привршуваат градежните зафати на новата водоводна линија на ул „Марксова“

Интензивно се работи на поставување на нова водоводна линија на улица „Марксова“, а при крај се инфраструктурните зафати и интервенции на водоводната и канализациона мрежа на повеќе улици во градот.
На улица „Марксова“ односно на потегот од ул ” Tрајко Сандански ” до ул” Мице Козар ” се постави нова водоводна линија полиетилен  DN63 во должина од 53 метри со 5 приклучоци. Исто така на  улица „Марксова“ односно на потегот од бул ” Гоце Делчев ” до ул” Мице Козар ” се постави нова водоводна линија полиетилен  DN90 во должина од 115 метри со 3 приклучоци.
На ул ” Марксова ” се направи зафат на атмосферската вода и се изврши промена на капаците од сите ревизиони шахти и сливни решетки.

Share on facebook
Сподели на Facebook