Привршуваат градежните зафати на новата канализациона линија на ул „Савска“

Интензивно се работи на поставување на нова фекална канализациона линија на ул „Савска“, а при крај се инфраструктурните зафати и интервенции на водоводната и канализациона мрежа на повеќе улици во градот.
Имено, на улицата „Савска“ поставена е нова фекална канализациона линија DN200  во должина од 380 метри. Со поставувањето на оваа канализациона линија се решава долгогодишниот проблем  на жителите од овој дел на градот.

Share on facebook
Сподели на Facebook