Интензивно се работи на поставување на нова водоводна линија на ул „Јоска Јорданоски“

Интензивно се работи на поставување на нова водоводна линија на ул „Јоска Јорданоски“, а при крај се инфраструктурните зафати и интервенции на водоводната и канализациона мрежа на повеќе улици во градот.
Реконструкцијата на улицата „Јоска Јорданоски“ ќе се изведува во две фази , првата фаза на реконструкцијата ќе биде во должина од 320 метри и во оваа фаза старата азбестна водоводна линија Ø80 ќе биде заменета со нова полиетилен Ø90 во должина од 320 метри. Со оваа реконструкција ќе бидат опфатени и сите куќни приклучоци.

Share on facebook
Сподели на Facebook