Поставена нова канализациона линија и препумпна станица на ул”Савска” со што се решава децениски проблем на граѓаните од оваа улица.

Денес привршува поставувањето на канализациона линија и препумпна станица за одпадни води на ул”Савска” со што се решава деценискиот проблем на жителите од оваа улица кои до сега не беа приклучени на канализациониот систем на град Прилеп. 
На ул”Савска” се постави канализациона линија Фи-200 во должина од 200 метри. Исто така се изгради препумна станица за отпадни води поради што по пат на гравитација ул”Савска” не беше возможно да се приклучи во канализациониот систем. ЈКП”Водовод и Канализација” – Прилеп на ново поставената канализациона линија приклучи осум корисници.
За жителите од ул”Савска” ова ќе значи решавање на голем и долгогодишен комунален проблем и крај на постоечките септичките јами на кои досега беа поврзани жителите од ова улица. 

Share on facebook
Сподели на Facebook