Проектот WATenERgy CYCLE на кој работи ЈКП Водовод и канализација- Прилеп беше избран како најдобра практика на глобално ниво.

Со огромна чест и задоволство Ве известуваме дека проектот WATenERgy CYCLE, на кој работи ЈКП Водовод и канализација- Прилеп беше избран како најдобра практика на глобално ниво.
По тој повод, денес 28.11.2019 год., грчката радиодифузна корпорација ЕРТ организира радио настан под наслов “Стратегија за климатски промени” и ќе се емитува во живо на радио Агора . На програмата ќе присуствуваат стручни лица кои ќе дискутираат за општата цел на нашиот проект и ќе се опише неговиот придонес во Стратегијата за климатските промени во ЕУ. Исто така учество ќе земат и претставници на Европскиот Парламент. Научниот надзор на програмата е преземен од ЦЕПС – Центарот за студии на европската политика во Брисел (Белгија).
Радио настанот може да го проследите на слединиот линк

Share on facebook
Сподели на Facebook