Реконструирана водоводната мрежа на ул. „Републиканска“.

Денес заврши реконструкцијата на водоводната мрежа на уште една улица односно на ул „Републиканска“, а при крај се инфраструктурните зафати и интервенции на водоводната и канализациона мрежа на повеќе улици во градот.
Имено, на улицата „Републиканска“ старата водоводна линија , е заменета со нова линија полиетилен DN90 во должина од 165 метри.
Со оваа реконструкција 10 домаќинства од улицата „Републиканска“ се ослободија од старите  линии, и им се дадени куќни приклучоци .

viber_image_2019-11-13_13-30-482
Share on facebook
Сподели на Facebook