Реконструирана водоводната мрежа на ул. „Ленин“.

Денес заврши реконструкцијата на водоводната мрежа на улица „Ленин“, а при крај се инфраструктурните зафати и интервенции на водоводната и канализациона мрежа на повеќе улици во градот.
Имено, на улицата „Ленин“ старата поцинкована водоводна линија од 1 цол, е заменета со нова линија ДН 110 во должина од 212 метри, ДН90 во должина од 51,8 метри и ДН63 во должина од 13 метри полиетилен.
Со оваа реконструкција 14 домаќинства од улицата „Ленин“ се ослободија од старите дотраени поцинковани линии, а им се дадени куќни приклучоци со должина од 187метри.

Share on facebook
Сподели на Facebook