Известување до граѓани на Општина Прилеп

Почитувани граѓани на општина Прилеп на ден 16.10.2019 поради намален доток на вода од Студенчица во високото градско подрачје односно населбите Варош, Тризла и Рид од 17:00 до 22:00 часот водоснабдувањето ќе биде нарушено, додека  останатите делови од градот односно во ниската зона на градот водоснабдувањето ќе биде нормално. Со напорите што ги прави  ЈКП “Водовод и канализација” се очекува водоснабдувањето за утрешниот ден 17.10.2019 да биде нормално во целата територија на општина Прилеп. За дополнителни промени благовремено ќе бидете известени.
Ви благодариме за разбирањето.

Share on facebook
Сподели на Facebook