„Водовод и канализација“ интензивно работи на менување на старата водоводна мрежа во градот

Градежните работи на ЈКП „Водовод и канализација“- Прилеп, во насока на менување на старата водоводна мрежа во градот, не престануваат и во екот на летната сезона. Минатата недела заврши реконструкцијата на водоводната мрежа на улица „Ножот“. При тоа, беа заменети старите цевки со должина од 75 метри, а истовремено беа отстранети водоводните линии кои поминуваа низ приватни имоти. ЈКП „Водовод и канализација“ во моментов работи на реконструкција на 200 метра долгата водоводна линија на улица „Благоја Шукуроски“, при што старата поцинкувана водоводна мрежа ќе биде заменета со полиетиленска Ф 90. Со зафатот ќе бидат опфатени сите куќни приклучоци, а истовремено реконструкцијата
ќе значи и подобро водоснабдување на жителите од оваа улица.

Share on facebook
Сподели на Facebook