ЈКП “Водовод и канализација” – Прилеп започна со реконструкција на водоводната линија во град Прилеп со сопствени средства. Реконстукцијата најпрво ќе ја опфати улицата „Благоја Крстески” каде што досегашната водоводна мрежа беше од поцинковани цевки, а сега се поставуваат нови полиетиленски цевки со дијаметар DN63. Реконструкцијата е со должина од 175 метри и во текот на истата ќе бидат опфатени сите куќни приклучоци.