Зацевување на отворен канал во населеното место Ново Лагово

ЈКП “Водовод и канализација” – Прилеп работи на зацевување на отворен канал во населеното место Ново Лагово.
Се поставуваат цевки со дијаметар DN-300 за прифаќање на отпадните води. Зацевениот канал ќе се протега на 250метри, со што во иднина ќе се спречи поплавување и изливање на отпадните води на коловозот при посилни дождови и ќе се неутрализира непријатната миризба која жителите ја чуствуваа секојдневно.

Share on facebook
Сподели на Facebook