Почитувани корисници на услугите на ЈКП „ Водовод и Канализација “ – Прилеп, трендот на дигитализација кој е дел од нашата сегашност дава можност да се користат електронски алатки за поголема достапност на истите.Со цел за полесно подмирување на сметките Ви ги доближуваме чекорите како тоа лесно и ефикасно да се направи преку електронскиот систем на јавното претпријатие.