Во завршна фаза реконструкција на водоводна линија на улица „Пелистерска”

ЈКП “Водовод и канализација” – Прилеп интензивно работи на реконструкција на старите водоводни мрежи на повеќе локации, со цел да се обезбеди чиста и технички исправна вода за пиење, а со тоа подобар живот на граѓаните во град Прилеп.
 ЈКП “Водовод и канализација” – Прилеп на улица “Пелистерска”  реконструираше 100 метри водоводна линија на која се поставени полиетиленски цевки дн90, а со тоа се заменети старите поцинковани цевки со со големина 1 col. На новата мрежа се поврзани сите куќни приклучоци oдносно 11 куќни приклучоци. 

Previous
Next
Share on facebook
Сподели на Facebook