Реконструкција на водоводна линија на улица „Боца Иваноска”

Денес заврши поставувањето на нова водоводна линија на ул „Боца Иваноска“, а при крај се инфраструктурните зафати и интервенции на водоводната и канализациона мрежа на повеќе улици во градот.
Имено, на улицата „Боца Иваноска“ старата поцинкована водоводна линија е заменета и е поставена нова полиетилен DN63 во должина од 120 метри. Со оваа реконструкција се опфатени 13 куќни приклучоци.

Share on facebook
Сподели на Facebook