Јавното комунално претпријатие „Водовод и канализација“ Прилеп им  соопштува на жителите од населените места Галичани и Кадино село:

Поради технички проблеми на пумпата од бунарот од н.м.Галичани истиот не ќе може да се користи – се до санирање на истата.

Екипите на ЈКП Водовод и канализација Прилеп се на терен и со цел да нема прекин во водоснабдувањето, воспоставен е нов режим на работа.

Двете населени места извесно време ќе се снабдуваат со вода за пиење од локалниот бунар од н.м.Кадино село.  Издашноста на овој бунар е со помал капацитет и поради тоа се замолуваат жителите за трпение и разбирање со актуелниот проблем и за рационално користење на истата, што подразбира водата да  не се користи за наводнување на земјоделските култури.

Стручните лица од ЈКП Водовод и каналиозација Прилеп работат на отстранување на дефектот и враќање во наормала на водоснабдувањето во најкраток временски период

ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп

Share on facebook
Сподели на Facebook