ИЗВЕСТУВАЊЕ!

ЈКП“ Водовод и канализација“- Прилеп ги известува граѓаните од н.м. Галичани и н.м.Кадино Село дека поради дефект кој настана на бунарската пумпа во н.м Галичани се воведе нов режим на работа на водоснабдувањето во овие две населени места. За да се обезбеди континуирано водоснабдување во овие две населени места пуштена е во употреба бунарската пумпа во населено место Кадино Село и инсталирана е нова опрема за хлорирање на истата, се со цел граѓаните на овие две населени места да имаат технички исправна вода за пиење.Овај режим на водоснабдување останува се до санција на дефектот на бунарската пумпа во н.м Галичани , каде екипите на ЈКП Водовод и канализација Прилеп работат на санирање на дефектот и што е можно побрзо враќање во употреба на бунарската пумпа во н.м Галичани .Ви благодариме за вашето разбирање, соработка и подршка!

#ЈКПВодоводИканализацијаПрилеп

Share on facebook
Сподели на Facebook