Работни Активности

ЈКП “Водовод и канализација” Прилеп започна со работни активности асфалтирање на места каде се вршени реконструкции на водоводна и канализациона линија.
Денес таква активност е извршена на дел од улицата Пане Талески, на која после реконструкцијата на водоводната линија вградени се 13 тони асфалт. Истата комплетно ќе биде завршена до 9 мај.
Ваквите работни активности ќе продолжат во текот на цел месец мај според предвидената програма и динамика на ЈКП “Водовод и канализација” Прилеп.
Се надеваме ќе наидиме на разбирање и трпение од нашите сограѓани за привремениот застој во сообраќајот на улиците каде ќе се одвиваат градежните зафати на ЈКП “Водовод и канализација” Прилеп.
Share on facebook
Сподели на Facebook