Водата е природата

👉Капката вода е флексибилна, капката вода е моќна, капката вода е неопходна… 💧
Водата е основа на одржливиот развој.
Водните ресурси, како и спектарот на услуги кои тие ги овозможуваат, влијаат на намалувањето на сиромаштијата, економскиот раст и одржливоста на животната средина.
Од обезбедување храна и енергија⚡️ до здравјето на човештвото и животната средина, водата придонесува за подобрување на социјалната благосостојба и сеопфатен развој, што влијае на условите за живот на милијарди луѓе 👨 👩 👧 👦.
Денес сме навикнати на фактот дека постојано имаме вода.
Но, има места на кои итно им е потребна вода за пиење. Народите на овие земји се соочуваат со вистински недостаток на свежа вода за пиење💦, што ги тера внимателно да ракуваат со овој извор.
Можеби во иднина таков проблем ќе се појави и на други континенти, што значи дека е неопходно да се започне со штедење на водата уште денес.
Водата не е бесконечен извор – таа е ограничена.
Share on facebook
Сподели на Facebook