Националната установа „Спомен куќа Тодор Проески”- Крушево во изминативе неколку месеци се соочуваше со дефект – истек на енормно голема количина на вода во сопствената водоводна мрежа. И покрај големите напори за утврдување на причината за големата потрошувачка на вода и лоцирање на дефектот од страна на надлежните служби проблемот не бил лоциран.
По барање на Директорката на Спомен куќата Тодор Проески – Крушево, ЈКП „Водовод и канализација”- Прилеп им излезе во пресрет за решавање на проблемот, односно лоцирање на дефектот.
Екипата на ЈКП „Водовод и канализација”- Прилеп излезе на терен и со помош на геофон и корелатор во кругот на Спомен куќата изврши лоцирање и обележување на дефект на водоводната линија ф63 после водомерна шахта.
Со тоа се реши сериозен проблем со кој се соочуваше Националната установа како од технички така и од финансиски аспект.
ЈКП „Водовод и канализација”- Прилеп со задоволство излегува во пресрет за потребите на Националните установи, музеи и други институции кои би се соочиле со ваков проблем.