ЈКП „Водовод и канализација“ – Прилеп продолжува интензивно со активностите на терен. Во текот на минатата недела е лоциран дефект на ПЕ линија со dn 32mm, со помош на Корелатор на ул. Тризла. Дефектот беше соодветно обележан и потоа саниран од надлежните екипи.
ЈКП „Водовод и канализација“ – Прилеп продолжува совесно и одговорно да работи во служба на граѓаните и да ги решава проблемите.