Апел до граѓаните на општина Прилеп

ЈКП „Водовод и канализација” – Прилеп во последниот период од два-три месеци се соочува со сериозен проблем од кражба на сливни решетки од канализационата мрежа. Оваа појава предизвикува проблем во тековното функционирање на канализационата мрежа, а воедно и потенцијална опасност за граѓаните од отворените шахти.

Согласно  надлежностите на МВР на РСМ-ОВР Прилеп, исто така упатено е барање за постапување.

Затоа ЈКП „Водовод и канализација” – Прилеп упатува апел и до граѓаните за совесно однесување кон инфраструктурата која служи на сите граѓани во Општина Прилеп.

Со надеж за разбирање, се надеваме дека проблемот ќе биде сфатен сериозно и во иднина нема да се соочуваме со истиот.

Со почит

Share on facebook
Сподели на Facebook