Општина Прилеп продолжува со реализација на проектот за „Реконструкција на главен довод од Пашоски ливади до собирна шахта за град Прилеп”. Директорот на ЈКП ,,Водовод и Канализација” – Прилеп, Игор Гулабоски денес ја посети локацијата и изврши увид во градежните активности околу реализација на проектот.

Денес се изврши последното тестирање на новиот цевковод со дијаметар DN 300 . На последното тестирање, цевководот беше тестиран со вода, со притисок од 9 бари со што ги задоволи потребните параметри за издржливост на цевководот.

Со ова тестирање се привршуваат градежните работи, кои ќе продолжат во текот на наредниот месец.