Почитувани граѓани, Поради енормно зголемената издашност на изворот „Студенчица“, Ве известуваме дека во водоводниот систем има промена на притисокот во мрежата и со тоа доаѓа до мало заматување на водата во одредени делови од градот.
ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп поради превенција излегува со временска мерка-препорака: доколку забележите заматување на водата, пред конзумирање да се преврива 10 минути. Стабилизирање на состојбата очекуваме да има на ден 04.12.2021 (сабота).
Со почит,
ЈКП Водовод и канализација Прилеп.