Направен увид за обезбедувањето на санирани дефекти

Во интерес на граѓаните, на ден 18.11.2021 година, од страна на директорот  на ЈКП ‚‚ Водовод и канализација “ – Прилеп Игор Гулабоски и дежурниот инженер Филип Кедиоски е направена  контрола во ноќните часови на веќе санираните дефекти. Направен е увид за обезбедувањето на местата каде е извршена санација на дефект на водоводна мрежа на ул. Трајко Тарцан, како и санација на ударна канализациона шахта на бул. Гоце Делчев.

Share on facebook
Сподели на Facebook