„Реконструкција на главен довод од Пашоски ливади до собирна шахта за град Прилеп”

Општина Прилеп продолжува со реализација на проектот за „Реконструкција на главен довод од Пашоски ливади до собирна шахта за град Прилеп”. Директорот на ЈКП ,,Водовод и Канализација” – Прилеп, Игор Гулабоски заедно со градоначалникот на Општина Прилеп Борче Јовчески денес ја посети локацијата и изврши увид во градежните активности околу реализација на проектот.

Постојниот цевковод е изграден во 50-тите години од минатиот век и поради неговата дотраеност е намалено снабдувањето со вода од каптажата „Пашоски ливади“ до градот. Реконструкцијата на доводниот цевковод од каптажата викана „Пашоски ливади“ до собирната шахта е во вкупна должина од 3.850 метри. Со овој реконструктивен зафат, стариот цевковод ќе се замени со нови дуктилни цевки со дијаметар ф-300 од светски познатиот произведувач ,, Понтамусон “, со што ќе се овозможи зголемен проток на вода од 25л/сек. Предвидено е реконструкцијата на цевководовот да се одвива во две фази, од кои во првата би се реконструирале 3.045 метри.

Реализацијата на овој проект значително ќе придонесе во решавање на  долгогодишните проблеми  и ќе  обезбеди континуирана екплоатација на вода до крајните корисници  во текот на целата година . Со тоа ќе се надминат проблемите со водоснабдувањето  на локалното население.

Средствата за имплементација на овој проект се обезбедени од  ТАВ програмата.

Share on facebook
Сподели на Facebook