Целосно е завршена реконструкцијата на водоводната линија на ул.”Пане Талески”

ЈКП Водовод и канализација – Прилеп континуирано продолжува со реализацијата на проектите и инвестициите кои се однесуваат на  реконстукција на водоводната и канализационата мрежа, самостојно, но и во соработка со општината.

Во текот на денешниот ден, генералниот директор на ЈКП Водовод и канализација – Прилеп, Емил Јаневски изврши увид во работните активности за изведба на новата водоводна мрежа на ул. „Пане Талески“. 

„Новата водоводна мрежа е во должина од 250 метри и дијаметар од 90мм, на ул. „Пане Талески“. Со реализацијата на овој проект ќе се изврши замена на старите азбестни цевки  и ќе се создадат услови за приклучување на  постоечките објекти на оваа нова линија. Новата водоводна линија на ул. „ Пане Талески“ ќе биде поврзана на  постоечката водоводна на ул.,Шакир Војвода, со што ќе се обезбеди кружно движење на водата. Продолжуваме со  изведба на нови и реконструкција на постоечките водоводни и канализациони линии во општина Прилеп, со цел подобрување услугите кон граѓаните“.

 

Share on facebook
Сподели на Facebook