Во тек е реконструкција на атмосферската канализациона линија на ул.”Борка Утот”

Во тек е реконструкција на атмосферската канализациона линија на ул”Борка Утот” односно на паркингот позади хотел Липа. ЈКП”Водовод и Канализација”- Прилеп во соработка со локалната самоуправа презеде активности  за целосна реконструкција на паркингот а со тоа и обновување старата атмосферска канализациона линија со големина Ф160 која беше целосно не функционална и истата се заменува со Ф200. Ново поставената линија е во должина од 50 метри.

Share on facebook
Сподели на Facebook