Реакција на ЈКП”Водовод и Канализација”- Прилеп во однос на натписите во одредени медиуми за поплавите предизвикани од огромното количество на дождови.

Реакција на ЈКП”Водовод и Канализација”- Прилеп во однос на натписите во одредени медиуми за поплавите предизвикани од огромното количество на дождови кои беа обилни за краток временски период. Сакаме да упатиме апел до граѓаните на Општина Прилеп да бидат совесни и да не фрлаат отпаден материјал, градежен шут, и слични отпадни материи во канализационата мрежа, за да не дојде до затнување или блокада на канализационите цевки, ревизионите шахти, отворените канали, сливниците и истиот отпад да го депонираат на соодветно место, како би придонеле за нормално функционирање на целокупниот канализационен систем и не би дошло до несакани последици.

Овој отпаден материјал е изваден од само една ревизиона шахта во центарот на градот односно на ул “Мице Козар”.  Сакаме да ве информираме дека вработените од  ЈКП ”Водовод и Канализација”- Прилеп одговорно и навремено си ги завршуваат работните обврски и задачи во однос на одржувањето на целокупниот канализационен систем во Општина Прилеп. 

Share on facebook
Сподели на Facebook