На ул.Трајко Николоски се изврши реконструкција на водоводната мрежа. Постоечката водоводна линија на која имаше многу чести дефекти поради материјалот ПВЦ и големата длабина на истата, се реконструира со нова водоводна линија DN 160 Полиелитилен со должина од околу 300 метри должни, заедно со сите куќни приклучоци и приклучоците за Терминалот и ЈКП Комуналец.