Позади инфективното одделение, каде започна изградбата на модуларната болница ЈКП”Водовод и Канализација” – Прилеп започна со изведување на канализациона и водоводна мрежа. Канализационата мрежа ќе биде во должина од 80 метри со големина DN200, a водоводната мрежа во должина од 100 метри DN63. За изведбата на оваа канализациона и водоводна мрежа е донесена одлука од управниот одбор на ЈКП”Водовод и Канализација” – Прилеп и истата ќе биде донација со цел да се помогне на здравствениот систем во борбата со COVID19.