Почитувани граѓани на општина Прилеп,
ЈКП”Водовод и Канализација”- Прилеп изминатиот период се соочуваше со екстремно ниска издашност на изворот Студенчица, најниска од неговото постоење. И покрај тоа ситуацијата беше успешно изменаџирана со активирање на бунарските постројки Бегова ливада, Кишојца-Орушица и Кошарка и со користење на стариот резервар лоциран во станицата за третман на вода за пиење, препумпување на истата во водоводните линии , полнење на коморите во текот на ноќта за граѓаните во текот на денот да имаат непрекинато водоснабдување. Поради дождовите кои се случија изминатите неколку денови, се зголеми издашноста на изворот Студенчица и се очекува стабилно водоснабдување на општина Прилеп.
Со почит
ЈКП”Водовод и Канализација”- Прилеп