Известување до граѓани на Општина Прилеп

Почитувани граѓани,
 
ЈКП„ Водовод и канализација“ Ви се заблагодарува за Вашето разбирање, подадената соработка и подршка кога водоснабдувањето се врши под специфични услови во овие летни горештини и кога имаме намален доток на вода од Регионалниот водовод „Студенчица“.

Поради променливиот доток на вода од Регионалниот водовод „Студенчица“, како и поради екстремната потрошувачка од страна на граѓаните, во водоснабдителниот систем денес се пуштаат водите од Градските бунари Кишовица и Орушица.

Нашите резерви на питка вода се доволни за да ги задоволат Вашите вообичаени потреби. Сепак, имајќи ги во предвид жешките денови, Ве молиме да помогнете да се избегне несовесната потрошувачка на вода.

Ви благодариме за вашето разбирање, соработка и подршка!

Share on facebook
Сподели на Facebook