Реакција на ЈКП ,,Водовод и Канализација”

ЈКП ,,Водовод и Канализација” – Прилеп ја прифаќа поканата и ги повикуваме господата од ВМРО-ДПМНЕ да се соочме и да ја погледнеме фактичката состојба па заедно со граѓаните да заклучиме кој шири лаги и невистини.
ЈКП ,,Водовод и Канализација” – Прилеп прифаќа кога што ќе посакaат и онаму каде што ќе посочат господата од ВМРО–ДПМНЕ да се ископа, па сите заедно да се увериме кој лаже и манипулира, а сите знаеме дека лажењето е нивна карактеристика изминативе петнаесетина години и лагите стануваат се посилни и поголеми во пред изборниот период. Исто така, ги повикуваме представниците на ВМРО-ДПМНЕ да направиме увид во работата и функционирањето на пречистителната станица и да се констатира кој лаже, а кој ја зборува вистината.
Покрај сите напори на ВМРО-ДПМНЕ ние нема да дозволиме да го спречат развојот на ЈКП,,Водовод и Канализација” – Прилеп кое е едно од најдобрите претпријатија на блаканот.

Со почит
ЈКП ,,Водовод и Канализација” – Прилеп

Share on facebook
Сподели на Facebook