Интензивно се работи на поставување на нова водоводна линија на ул „Републиканска“, а при крај се инфраструктурните зафати и интервенции на водоводната и канализациона мрежа на повеќе улици во градот.
Имено, на улицата „Даме Гагалески“ старата азбестна водоводна линија Ø50 е заменета и е поставена нова полиетилен Ø90 во должина од 100 метри. Со оваа реконструкција се опфатени 14 куќни приклучоци.