Денес заврши поставувањето на нова водоводна линија на булевар “Гоце Делчев”
Со изведбата на нова водоводна линија од улица “Браќа Ламески” до улица “Марксова” се заврши целосната реконструкција на водоводната линија на булевар “Гоце Делчев” на овој потег. Поставени се две водоводни линии односно Ø90 во должина 25 метри и Ø110 во должина од 110 метри. На новите водоводни линии се поврзани околните згради.