На спојот на улиците “Вера Циривири” и “Борка Талески извршена е реконструкција на постојниот атмосверски канал, кој ги одведува атмосверските води од населбата Рид до соодветен реципиент. Реконструкцијата на атмосверскиот канал се состоеше од бетонирање на обрушените и дотраени ѕидови и поставување на нови префабрикувани армирано бетонски плочи врз ѕидовите. Реконструкцијата опфати дваесет метри од вкупната должина на атмосверскиот канал.