Денес 28-02-2020 година од страна на ООУ „Кочо Рацин“ беше извршена посета на наплатниот услужен центар во Пазар. На децата им беше пренесена мисијата и визијата на ЈКП „Водовод и канализација“- Прилеп преку едукативен материјал и кратка презентација на Кампањата за штедење на водата „Секоја капка се брои и плаќа!“, која ЈКП ја води десетици години наназад како и училишната програма – Интергирање на информации и податоци за услугите и работењето на Водовод и Канализација во образовната програма преку серија работилници со ученици.
На работилницата им се објасни начинот на основање и функцијата на ЈКП преку вршење на комуналните дејности од јавен интерес – собирање, обработка и снабдување со вода за пиење, одржување и реконструкција на водоводната мрежа, отстранување на отпадни води и нивно прочистување, одржување и реконструкција на фекална и атмосферска канализациона мрежа и други дејности согласно со Закон.
Беше објаснета основната функција на ЈКП „Водовод и канализација“ – обезбедување вода за пиење која е здравствено и хигиенски исправна како и квалитетно канализирање на отпадните води и прочистување на истите на начин што претпријатието ќе работи соодветно и одржливо, генерирајќи приход кој е потребен за да се покријат трошоците на инвестирање, раководење и одржување, како и вредностите на кои се заснова работењето и функционирањето на ЈКП „Водовод и канализација“ – Прилеп:
- Одговорност, професионален однос кон корисниците и нивна заштита;
- Остварување на соработка со корисниците со соодветни решенија – доверба, отворена и искрена соработка и комуникација со нив;
- Воведување на иновативни решенија за рационално користење на ресурсите;
- Континуирана грижа за животната средина;
- Сигурност во давањето на услугите;
- Континуитет, квалитет и достапност на услугите;
- Ефикасност и транспарентност во работењето.
- Подобрување на односите со клиентите- креирање добра средина за интеракција,
- Зголемување на видливоста и пристапноста на ЈКП Водовод и Канализација – како главна институција за обезбедување на санитарно здравствена вода за пиење Општина Прилеп,
- Менаџирање со побарувачката на вода за лимитирање на губитокот како и несовесната употреба на водата. Обезбедување на вода за пиење за сите граѓани на Општина Прилеп, питка вода која ги задоволува важечките стандарди на квалитет со трошковно ефективен начин,
- Лесен пристап до целосна и навремена информација.