ЈАВЕН ОГЛАС

                                                                                                                                                 ЈКП „Водовод и канализација“-Прилеп
                                                                                                                                                   Ул.„Александар Македонски“ бр.559
                                                                                                                                                   ЕМБС: 5851661, ЕДБ: 4021003142266
                                                                                                                                                             Директор Емил Јанески

ПРЕДМЕТ: ОБЈАВУВАЊЕ НА ЈАВЕН ОГЛАС за пополнување на работни места на даватели на јавни услуги по пат на вработување

Врз основа на одредбите од Законот за вработените во јавниот сектор (Служ.Весник на РМ бр.27/2014, бр.199/2014, бр.27/2016, 35/18, 198/18 I 143/19), а согласно одредбите од член 22 и член 23 од Законот за работни односи (Служ.Весник на РМ бр.62/05……110/19) и член 37 од Законот за Јавни претпријатија, Директорот на ЈКП „Вододвод и канализација“-Прилеп, објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС
За прием на:

1. 6 (шест) извршители за работно место „Инженер во оператива“, шифра на работно место КДР 03 05 Б01 033, (Одделение за водовод и одржување, Одделение за прочистителна станица-Сектор за технички работи) со Високо образование Градежништво и водостопанство, Електромашинство, Машинство, Текстилна технологија, Технологија на прехрамбени производи и најмалку 3 (три) години работно искуство во струката, на неопределено време
2. 1 (еден) извршител за работно место „ВКВ Водоинсталатер“-шифра на работно место КДР 03 05 Б04 053, (Одделение за водовод и одржување-Сектор за технички работи), со средно образование , со или без работно искуство во струката, и посебен услов потврда за ВКВ/КВ Водоинсталатер , на неопределено време
3. 3 (три) извршители за работно место „НК работници“-шифра на работно место КДР 03 05 В02 035, (Одделение за водовод и одржување-Сектор за технички работи), со основно образование, со или без работно искуство, на неопределено време
4. 2 (два) извршители за работно место „Лаборант“-шифра на работно место КДР 03 05 Б02 065, (Одделение за санитарна контрола-Сектор за технички работи), со средно образование (Средно хемиско, Средно прехрамбено, Средно медицинско) и најмалку 2 (две) години работно искуство во струката, на неопределено време
5. 1 (еден) извршител за работно место „Одржувач на електроника“-шифра на работно место КДР 03 05 Б02 140, (Одделение за прочистителна станица-Сектор за технички работи) со средно образование (Електротехничар) и најмалку 2 (две) години работно искуство во струката, на неопределено време
6. 2 (два) извршители за работно место „Одржувач на пречистителна станица“-шифра на работно место КДР 03 05 Б04 029, (Одделение за прочистителна станица-Сектор за технички работи) со средно образование (Средно: економско, електротехника и машинство) , со или без работно искуство во струката, на неопределено време

За работното место под реден број 1 (еден) „Инженер во оператива“, дневното работно време е од понеделник до петок и трае од 07,00 часот до 15,00 часот. Основната нето плата изнесува 26.455,00 денари плус додаток на минат труд по 0,5% за секоја година работен стаж.

За работното место под реден број 2 (два) „ВКВ Водоинсталатер“, дневното работно време е од понеделник до петок и трае од 07,00 часот до 15,00 часот. Основната нето плата изнесува 18.700,00 денари плус додаток на минат труд по 0,5% за секоја година работен стаж.

За работното место под реден број 3 (три) „ НК Работник “, дневното работно време е од понеделник до петок и трае од 07,00 часот до 15,00 часот. Основната нето плата изнесува 17.215,00 денари плус додаток на минат труд по 0,5% за секоја година работен стаж.

За работното место под реден број 4 (четири) „ Лаборант “, дневното работно време е од понеделник до петок и трае од 07,00 часот до 15,00 часот. Основната нето плата изнесува 20.900,00 денари плус додаток на минат труд по 0,5% за секоја година работен стаж.

За работното место под реден број 5 (пет) „ Одржувач на електроника “, дневното работно време е од понеделник до петок и трае од 07,00 часот до 15,00 часот. Основната нето плата изнесува 20.900,00 денари плус додаток на минат труд по 0,5% за секоја година работен стаж.

За работното место под реден број 6 (шест) „ Одржувач на пречистителна станица “, дневното работно време е од понеделник до петок и трае од 07,00 часот до 15,00 часот. Основната нето плата изнесува 18.700,00 денари плус додаток на минат труд по 0,5% за секоја година работен стаж.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови:
– Да е државјанин на Република Македонија
– Активно да го користи македонскиот јазик
– Да е полнолетен
– Да има општа здравствена способност за работното место
– Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија должност или дејност

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови:

(1). Посебни услови утврдени со Законот за јавни претпријатија или колективен договор за давателите на услуги од категоријата Б се:
• стручни квалификации
o за нивото Б1 стекнати најмалку 180/240 кредити според ЕКТС или завршен VI Б степен;(ВСС)
o за нивоата Б2, Б3 и Б4 стекнато најмалку ниво на квалификации IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четири годишно средно образование. (СС)
• работно искуство, и тоа:
o за нивото Б1 – најмалку три години работно искуство во струката;
o за нивото Б2 – најмалку две години работно искуство во струката;
o за нивото Б3 – најмалку една година работно искуство во струката;
o за нивото Б4 – со или без работно искуство во струката
• други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работни места за соодветното работно место

(1) Посебни услови утврдени со посебен закон или колективен договор за давателите на услуги во областа на комуналните дејности од категоријата В се:
• стручни квалификации
o за сите нивоа – најмалку ниво на квалификации I или основно образование;
• работно искуство, и тоа:
o за нивото В1 најмалку една години работно искуство во струката;
o за нивото В2 со или без работно искуство во струката.

Заинтересираните кандидати треба да ги достават следните документи за исполнување на потребните услови за работното место во оригинал или копија заверена на нотар:
– Уверение за државјанство
– Извод од матична книга на родени
– Доказ дека со правосилна пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција, забрана за вршење на професија, дејност или должност
– Диплома за завршено соодветно образование
– Потврда за работно искуство доколку се бара

Постапката за селекција за вработување на давателите на јавните услуги во јавното претпријатие, се сотстои од проверка на внесените податоци во пријавата за вработување со условите утврдени во јавниот оглас, проверка на приложените докази и интервју.

Огласот трае 15 (петнаесет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат-во три дневни весници од кои еден од весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20 % од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот и од денот на објавувањето на огласот на интернет страницата на јавното претпријатие.

Напомена: Кандидатите пријавите со сите потребни документи да ги достават на адреса:
ЈКП „Водовод и канализација“-Прилеп, Ул.„Александар Македонски“ бр.559-Прилеп, лично или преку пошта, ненавремените и некомплетно пополнети пријави нема да се разгледуваат.

                                                                                                                                               ЈКП „Водовод и канализација“-Прилеп
                                                                                                                                                                              Директор                                                                                                                                                                                                                  ЕМИЛ ЈАНЕСКИ
                                                                                                                                                    ________________________________

Share on facebook
Сподели на Facebook