Реакција на прес-конференцијата на ВМРО ДПМНЕ

„Ја имаме во овој момент целокупно најдобрата техничка опрема поврзана со дејноста на Јавното комунално претпријатие. За цело ова време додека претпријатието во изминатите две години успешно чекореше напред , усовршувајќи ги и подобрувајќи ги своите услуги кон граѓаните, осетно, во ниту еден момент не ја загрозивме финансиската ликвидност на претпријатието“, истакна на денешната прес конференција  дирекророт на ЈКП „Водовод и канализација“ Емил Јанески.

Јавното комунално претпријатие  „Водовод и канализација„ во изминатиот  период реализира неколку крупни проекти. Прво беше превземањето на пречиститетлната станица , обучување на кадар и нејзино успешно функционирање до денес.  Паралелно со тоа се реализираше  проект од програмата Balkan mediterranean water enegry circle. Во овој момент во јавното претпријатие функционира  и  географски информатички систем со сите негови карактеристики. Изработен е подземен катастар со што се има целосен увид во инсталациите од водоводна или канализациона мрежа, сите шахти,  вентили и куќни приклучоци. Се прати состојбата на водомерите и се она што е поврзано со дејноста и работењето на ова јавно претпријатие.  

„ Ја имаме во овој момент целокупно најдобрата техничка опрема поврзана со дејноста на  Јавното претпријатие. Имаме гео скенер со моќност да ги лоцира нашите линии 8 метри под земја со радиус од 15 метри,  имаме камера за детекција на девијациите на канализационата мрежа без оглед за каков дефект станува збор, имаме секаков вид на локатори, можеме да лоцираме ПТТ , електроинсталации, нежелезни материјали, феромагнетни материјали , имаме GPS, имаме одомер, гео – фон и корелатор за детекција на губитоците на вода. За цело ова време ддодека претпријатието во изминатите две години успешно чекореше напред , усовршувајќи ги и подобрувајќи ги своите услуги кон граѓаните осетно, во ниту еден момент не ја загрозивме финансиската ликвидност на претпријатието „ истакна директорот на Јавното комунално претпријатие „Водовод и канализација“, Емил Јанески.

Јанески додаде дека ЈКП „Водовод и канализација“,  минатата година во споредба со сите Јавни комунални претпријатија на државно ниво реконструиало  повеќе од 8 километри водоводна линија и повеќе од 2 километри канализациона, зацевени биле  повеќе од 1600 метри канали. Воведен е нов начин на одведување на отпадната вода со препумпни станици кои ја качуваат отпадната вода на повисоко ниво за да може истата да биде внесена во колекторскиот систем.

„Претпријатието финансиски до оној момент кога дојдов на функцијата директор имаше долг единсвено кон Секторот за води и во овој момент единствено има долг кон секторот за води во рамките на Министерството за животна средина и кон никого друг, кон ниту еден економски оператор, ниту кон државата по основ на даноци и придонеси, здравствено и пензиско осигурување. Ако го слишавте вчера пресот на госпоѓата Ирена Стерјовска Локвенец можевте да стекните впечаток дека загрозена е финансиската ликвидност на претпријатието што  апсолутно не е точно. Јавното комунално претпријатие „Водовод и канализација“ е добростоечки, финансиско прпретпријатие  кое редовно ги намирува своите обврски кон сите доверители.Неточно е исто така дека енормно се зголемил бројот на вработени во јавното претпријатие. Во оној момент кога дојдов за директор, лага е дека имало 140 вработени на неопределено време, имаше повеќе од 160, а во овој момент има 146 или 7 бидејќи дел од нив си заминаа во пензија. Заедно со вработените на определено време кои што во моментот на мое назначување на функцијата директор на Јавното комунално претпријатие кои биле околу 25, вкупниот број на вработени беше околу 190. Во овај момент вкупниот број на вработени во ЈКП „Водовод и канализација„ е околу 210 ама треба да се има во предвид дека имаме две нови одделенија едното од нив е пречистителната стани за кое што, како што реков требаше да се обучи кадар за истото да можи да функционира . Демантирам дека директорката на ЈП ПУП Мери Цветаноска е вработена во ЈКП Водовод и канализација Прилеп. Неточно е дека партиски, нерационално се вработуваат луѓе во предизборието и остро ги демантирам таквите шпекулации пласирани на вчерашната пресконференција на советникот од советничката група на ВМРО –ДПМНЕ госпочата Ирена Стерјовска Локвенец“, истакна Емил Јанески, директор на ЈКП „Водовод и канализација“
Share on facebook
Сподели на Facebook