ОПШТИНА ПРИЛЕП ДОМАЌИН НА РАБОТНАТА СРЕДБА НА УЧЕСНИЦИТЕ ВО ПРОГРАМАТА НА ЕРАЗМУС +

Ученици и наставници од ООУ “Гоце Делчев“, заедно со своите гости од партнерските училишта од Латвија, Данска, Италија и Турција кои се дел од проектот на програмата Еразмус +,  ја посетија Општина Прилеп. „Најголеми закани за животната средина и како да се справиме со нив“, беше темата на која се дискутираше на денешната работна средба.

Поздравувајќи ги гостите, градоначалникот Илија Јованоски посочи дека Општина Прилеп активно работи на имплементација на мерки за заштита на животната средина.

„Општина Прилеп се залага екологијата да биде еден од приоритетите во нашето работење, заради што во континуитет преземаме мерки да ја заштитиме животната средина, да имаме чист воздух и чиста и здрава вода за пиење. Во 2018 ја пуштивме во употреба пречистителната станица за отпадни води, со што добивме поквалитетна и почиста вода за наводнување на земјоделските и градинарските култури.  Во 2018 година нашата општина беше прогласена за најдобра еколошка Општина, додека градот е лидер во примарната селекција на отпад. И во иднина Општина Прилеп ќе продолжи со подобрување на животната средина“, посочи градоначалникот Јованоски.
Исто така учесниците на работилницата ја посетија пречистителната станица за отпадни води, каде што се запознаа со основните функции и начиот на работа на истата на кратка презентација која беше организирана од стручниот кадар вработен во истата.

Share on facebook
Сподели на Facebook