Реконструирана водоводната мрежа на ул. „Кеј 9ти Септември“.

Денес заврши реконструкцијата на водоводната мрежа на уште една улица односно на ул „Кеј 9ти Септември“, а при крај се инфраструктурните зафати и интервенции на водоводната и канализациона мрежа на повеќе улици во градот.
Имено, на улицата „Кеј 9ти Септември“ старата  водоводна линија , е заменета со нова линија полиетилен DN90 во должина од 82 метри.
Со оваа реконструкција 10 домаќинства од улицата „Кеј 9ти Септември“ се ослободија од старите дотраени  линии, а им се дадени куќни приклучоци со должина од 43 метри.

viber_image_2019-11-13_13-30-482
Share on facebook
Сподели на Facebook