Реконструирана водоводната мрежа на ул. „Пере Тошев“.

Денес заврши реконструкцијата на водоводната мрежа на уште една улица односно на ул „Пере Тошев“, а при крај се инфраструктурните зафати и интервенции на водоводната и канализациона мрежа на повеќе улици во градот.
Имено, на улицата „Пере Тошев“ старата PVC водоводна линија од DN90, е заменета со нова линија полиетилен DN90 во должина од 285 метри.
Со оваа реконструкција 22 домаќинства од улицата „Пере Тошев“ се ослободија од старите PVC линии, и им се дадени куќни приклучоци со должина од 90 метри.

viber_image_2019-11-13_13-30-482
Share on facebook
Сподели на Facebook