Издашноста на изворите од кои пиеме вода на историски минимум. (репортажа на 360степени)

Извештаите на Обединетите Нации дека повеќе од две милијарди луѓе на планетата немаат пристап до питка вода но не не допираат многу како јавност, затоа што ни се чинат за далечни феномени. Но, не е баш така.

Метеоролозите предупредуваат дека во следните две декади Македонија влегува во период на суша. Градовите веќе бараат алтернативни извори и се борат со губитоците. Вода засега има, но до кога?

Во подножјето на планината Жеден се наоѓа изворот Рашче. Ова е каптажата Рашче 1, местото од каде водата преку мрежен систем патува до домаќинствата во главниот град Скопје. Кога го посетивме изворот, сместен во атарот на истоименото село во општината Сарај, не пречека дожд. Но, и покрај врнежите, нивото на издашност беше само една третина од потенцијалот. Тоа значи дека во моментов се активирани речиси сите расположливи ресурси и резерви за главниот град непречено да има вода.

Ако Скопје е на работ да ги почувствува ефектите од недостиг на вода, околу 200.000 граѓани кои се приклучени на системот Студенчица, повремено, веќе имаат проблеми.
За Кичево, Пласница, Македонски Брод, Долнени, Крушево, Кривогаштани и Прилеп да имаат непрекинато снабдување со вода, потребни се 480 литри во секунда. Во јануари и февруари издашноста на изворот Студеница била 623 литри, во мај највисоки 1.278 литри во секунда, за по летото, во октомври, да падне на историски најниски 490 литри во секунда.
Од јавното претпријатие „Студенчица“ велат дека нема простор за загриженост, иако веќе има рестрикции на одредени места.

Play Video

Аудио и видео материјалот е преземен од 360степени што е во согласност со условите за преземање наведени на web-сајтот.
Целосниот текст може да го погледнете на следниот ЛИНК.

Share on facebook
Сподели на Facebook