Денес заврши реконструкцијата на водоводната мрежа на уште една улица односно на ул „Републиканска“ , а при крај се инфраструктурните зафати и интервенции на водоводната и канализациона мрежа на повеќе улици во градот.
На улицата „Републиканска“ старата поцинкована водоводна линија , е заменета со нова линија полиетилен DN 63 во должина од 61 метар.
Со оваа реконструкција 7 домаќинства од улица „Републиканска“ се ослободија од старите дотраени азбестни линии.